fbpx
Без категорија

Расте извозот, во последните 8 месеци потпишавме 48 договори за државна финансиска поддршка за нови инвестиции

Премиерот Заев истакна дека од септември 2020, вкупно 53 инвестициски проекти, со поддршка на државата се во тек, со вкупна вредност од 95,7 милиони евра со кои се создадоа околу 2.000 нови работни места за граѓаните.

„Проширувањето на капацитетите на постоечката фабрика „Кемет Електроникс“ во вредност од 10 милиони евра, од кои еден дел ќе бидат вложени во Центар за истражување и развој, говори за довербата на компанијата во земјата, мотивирачката улога и пријателска средина за дополнителен развој на бизнисот и за нови инвестициски циклуси“, изјави премиерот Зоран Заев при посета на компанијата заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

Премиерот Заев истакна дека Владата во последните 4 години во континуитет ја одржува грижата за постоечките инвеститори и работи на привлекување на нови инвестиции од странски компании.

„Партнерскиот однос кој Владата го гради со компаниите кои функционираат во земјата, како и за поволната бизнис клима која поттикнува нови инвестиции и развој на компаниите придонесе во овој мандат, односно од септември 2020 година, да бидат потпишани 48 договори за државна помош со компании кои аплицираа по Законот за финансиска поддршка на инвестиции“, рече премиерот Заев и додаде дека задоволството е уште поголемо кога се знае дека оваа одлука доаѓа од една од најреномираните светски компании за производство на електронски компоненти со широк спектар на применливост во различни индустрии – од производство на вселенски летала до производи кои се користат во секојдневието.

Премиерот Заев истакна дека од септември 2020, вкупно 53 инвестициски проекти, со поддршка на државата се во тек, со вкупна вредност од 95,7 милиони евра со кои се создадоа околу 2.000 нови работни места за граѓаните.

„Дополнително, од септември минатата година до денес, што значи за само 8 месеци потпишавме 5 договори за нови инвестиции на странски компании во земјата. Станува збор за инвестициите на „ВИК“, „Ипротекс“, „Пурпласт“, „Магна“ и втората инвестиција на „Дрекселмајер“ во Куманово. Имаме уште 15 други компании кои ги препознаа поволностите за поддршка на странските директни инвестиции и веќе ги започнаа постапките за стекнување државна финансиска поддршка. Станува збор за компании од Турција, Германија, Јужна Кореја, Народна Република Кина“, објасни премиерот Заев.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски рече дека новиот пристап и квалитет во поттикнување инвестиции се базира на реални економски политики и носи реални економски резултати.

„Компанијата „Кемет Електроникс“ е една од позитивните примери која и во пандемиска година го задржа бројот на вработени и обезбедува добро платени работни места. Оваа компанија се обврза на 200 работни места, а денес вработува 269 наши сограѓани што е за 35% повеќе. Поважно, во 2020 година, регистриран е раст на бруто платите од без малку 6%, што е нешто повеќе од просечниот раст регистриран во зоните минатата година и во согласност со нашите интензивни заложби за обезбедување поголеми плати за вработените во зоните“, подвлече Деспотовски и додаде дека има раст на извозот.

„Потсетувам имаме најдобар прв квартал во последните 4 години, со раст на извозот од 41% во однос на 2018 година или над 300 милиони евра. Инвестициите се враќаат. Компаниите во зоните, во 2020 година уплатиле нето износ од над 1.8 милијарди денари во Буџетот на РСМ“, рече Деспотовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close