fbpx
ВестиТоп вести

 Африканската свинска чума се поблиску до Македонија

 

Плевен соседна Бугарија е последното жариште каде е регистрирана африканската свинска чума досега најблиску до нашата граница од само 200  километри воздушна линија. Земјава треба да биде особено внимателна ако се знае дека вирусот го пренесуваат дивите свињи кои се природни преносители како и прехранбените продукти. Вирусот воопшто не е опасен за човекот но е смртоносен за свињите и за него нема ниту, лек ниту вакцина. Единствена заштита и спречување на ширењето е преку уништување на цели фарми на се што е живо во нив и преземање мерки за целосна дезинфекција. Болеста по Унгарија која е делумно зафатена се прошири масовно во Романија која е целосно зафатена а полека се шири и во соседна Бугарија. Македонските производители на свинско загрижени за состојбите бараат поконкретни мерки и чекори од надлежните во агенцијата за храна и ветеринарство. Едно од тие барања е поставување на дезинфекциони бариери на сите гранични премини а особено кон Бугарија како и поголема вклученост на царината во контролата и подигнувањето на свесноста за внесување на месни продукти од соседните земји. Од итните мерки кои ги  предлагаат е и активирање на Членот 9 Став 7 од Закон за идентификација и евиденција на домашни животни (свињи), Службен Весник на Р.М. бр.95 26/07/2012 година според кој во случај на неповолна епидемиолошка состојба, односно заради потребите на системот на идентификација и регистрација на животните, Директорот на АХВ може да одлучи да се регистрираат и помалите одгледувалишта кои што претставуваат исклучителен ризик во сегашната состојба. Особено, оваа интервентна мерка треба да се примени во зоната од 3 односно 10 километри околу поголемите свињарски фарми во земјата. Донесување на Забрана за чување и одгледување на свињите на отворени простори (надвор од за таа намена предвидени објекти). Особено критични се руралните планински подрачја заради можноста од директен контакт на дивата популација на свињи (особено кон Бугарија), како и сите диви депонии и т.н. пасишта околу селските атари. Прогласување на времен прекин на активноста на сточните пазари во однос на прометот на живи свињи се додека трае опасноста од ширење на оваа заразна болест. Големите фарми бараат од надлежните власти итно воведување биосигурносни мерки кај селските фарми кои се во непосредна близина на поголемите комерцијални фарми, забрана за исхрана со помии, забрана за лов 48 часа пред контакт со свињите, домашното колење да биде под надзор на ветеринар како и да се воведе забрана за користење на свежа трева или зрнеста храна во период од 30 дена од доаѓањето на нива за кој период може да се деактивира вирусот на африканската свинска чума што е особено важно ако се појавата некои жаришта. За поголема сигурност сите штали треба да имаат огради за да нема контакт со диви свињи а мора да се сузбие целосно појавата на пуштени свињи кои само се враќаат во селските фарми што претставува огромен ризик за ширење на болеста.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close