Ако вложите во овој бизнис мирни сте до пензија

Радиша Мириќ од селото Лопатањ, не се грижи за родот на сливи затоа што она што го произвел на три хектари ќе заврши во сушара.

Сега единствена грижа му е дали ќе родат, но во крај во околината на Подгорина тоа ретко се случува.

Ако цената е ниска, сливите ги суши и одат за ракија.

„Лани ги сушев, но немав толку голема заработка. Но, не бев ни во загуба. Факт е дека овошјето може да биде проблем затоа што нема загарантирана откупна цена, и затоа сушењето има предност. Во тој случај не морам да се брзам, со години ги сушам и потоа ги продавам“- вели Мириќ.

Половина од произдството на сливи во Србија или 3000 тони се произведува во Подгорина.

Третина од српското производство завршува во странство.

Купувачите традиционално се од Хрватска, Турција, Русија, Чешка, Германија, Холандија.

За еден килограм сушена слива потребни се четири килограми сирова слива или некаде околу 50 динари.


 

faktor.mk

Share Button