fbpx
ВестиМакедонија

Алкохолните пијалаци поскапи за 0.7 % во јануари

Цените на угостителските услуги во јануари 2021 година, во споредба со декември 2020 година, остана на исто ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2021 година, во споредба со декември 2020 година, остана на исто ниво.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 % и Безалкохолни пијалаци за 0.8 %, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 1.6 %.

 

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.5 %.https://lokalno.mk/alkoholnite-pijalatsi-poskapi-za-0-7-vo-januari/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close