АМСМ инфо за патиштата во државата
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 06.08.2016 г. поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистување на истата.
НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: На 08.08.2016 година од 09:00 часот на патот Градско – Прилеп кај место викано „Раец“, после сообраќајна незгода, воспоставен е сообраќај по една лента наизменично.
ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: На 08.08.2016 година на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје, поточно од клучка Југ (Тетово), патничкиот и моторен сообраќај е пренасочен преку тетовското градско подрачје до клучка Север (Тетово) поради обилни врнежи од дожд.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Со оглед на врнежите од дожд, препорачуваме исклучително внимателно возење и одржување на неопходното растојание помеѓу возилата. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.