Аплицирајте за субвенции за производството на домашен лозов и овошен саден материјал
Висината на директните плаќања изнесува 30 денари по лозов и 35 денари по овошен садник од категоријата САС (стандарден) саден материјал за произведени и продадени садници, вклучително и садници употребени за сопствени потреби.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат правни лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал, кои имаат произведен лозов и/или овошен саден материјал во 2023 година, согласно Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифициран саден материјал.
Директните плаќања кај подмерката 1.16 се однесуваат за произведени, продадени, како и потрошени за сопствени потреби домашни лозови и/или овошни садници најдоцна до 30 април 2023.
Висината на директните плаќања изнесува 30 денари по лозов и 35 денари по овошен садник од категоријата САС (стандарден) саден материјал за произведени и продадени садници, вклучително и садници употребени за сопствени потреби.
Висината на директните плаќања изнесува 35 денари по лозов и 40 денари по овошен садник од повисока категорија на сертифициран саден материјал за произведени и продадени садници, вклучително и садници употребени за сопствени потреби.
Прифатливиот број на овошни култури по хектар, кои ќе бидат прифатливи за потрошениот саден материјал за сопствените потреби, е даден во Табела за минимален број на овошки-садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови во Прилог 5 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.
Прфатлив број на лозови садници кои ќе бидат прифатливи за потрошениот саден материјал за сопствени потреби е 1.389 садници по хектар.
МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.