fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

За автопатот Кичево – Охрид ќе требаат уште пари, но и повеќе време да се заврши

Премиерот Мицкоски не прецизира уште колку пари ќе бидат потребни, ниту од кого ќе се земат, но објасни дека е тоа поради дополнителни работи на свлечиштата

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по отчетот во Царинската управа за резултатите од работењето.

Мицкоски не прецизираше уште колку пари ќе бидат потребни за завршување на автопатот, ниту од кого ќе се земат, но објасни дека е тоа поради дополнителни работи кои не биле предвидени со проектот, меѓу другото и за санирање на свлечишта на делницата кај Ботун, за кои рече дека биле уште попредизвикувачки од десетте кои се меѓу Кичево и тунелите кај Пресека.

Владата завчера свечено пушти во употреба 17 километри од автопатот Кичево – Охрид, којшто е во вкупна должина од 57 километри, иако само пред еден месец најавуваше дека ќе бидат пуштени 40 километри од автопатот, со прекин кај Ботун. Во меѓувреме, оваа километража очигледно се „стопи“, но од друга страна се зголеми финансискста рамка и рокот кој самата Влада си го зададе овој автопат да биде завршен до крајот на 2026 година. На проблемите со свлечиштата укажуваа и од претходната Влада, но тогаш не стануваше збор за зголемување на кредитот.

Изградбата на автопатот, проектиран со вкупна должина од 57 километри, почна во 2014 година и од првично предвидените 374 милиони достигна вредност од 598 милиони евра. Не е завршен и покрај неколкуте анекси на договорот со кинески „Синохидро“ со кои беа продолжени роковите, објави Независен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close