fbpx
ВестиТоп вести

Бабовски: И  најмалите земјоделци ќе добијат  субвенционирана нафта

Интервју со Никола Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

Конечно зелената нафта ќе стигне до земјоделците. Првите картички се веќе испечатени и наскоро ќе се почне со нивна дистрибуција. За мерката „Млад земјоделец “ дел од пристигнатите апликации не беа комплетни, се чекаше да се до комплетираат и се во напредна фаза на обработка на апликациите.

З.Б. Користењето на зелената нафта е мерка која земјоделците одамна ја очекуваат. Кој се може да биде корисник на зелена нафта?

 

Н.Бабовски: Корисник на мерката 8 „Помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација“,  може да биде секое земјоделско стопанство што согласно законот ги исполнувало условите и добило субвенции по Програма  2018 – та година за градинарство, лозарство, овоштарство, полједелство. „Бидејќи се работи за сосема нова мерка, за оваа година како прва во воведувањето на оваа мерка финансирањето ќе биде 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, со можност која што веќе е ставена и во законот понатаму овој процент да се зголемува и до 50%. Согласно изработената методологија, висината на поддршката по корисник е утврдена во зависност од големината на површините и типот на земјоделски култури кои што се одгледуваат.

З.Б.Kој е надлежен за издавање на картиците и од кога ќе почне да се издаваат?

Н.Бабовски: Договорот со компанијата која го доби тендерот  за набавка на гориво за земјоделска механизација, го склучивме и ете веќе како што ме информираа од таму првите картички се испечатени. Многу брзо ќе почне и дистрибуцијата, односно, доделувањето на персонализираните платежни картички до земјоделците.

З.Б.Која е постапката  за добивање на картица и дали има некои услови кои треба да ги запази корисникот?

Н.Бабовски: Спроведувањето на оваа мерка ќе се врши врз основа на податоци за големина на земјоделска површина, по вид на земјоделски производ, пријавени во барањата за финансиска поддршка во земјоделството во 2018 година за директни плаќања по обработлива земјоделска површина. Што значи сите што биле корисници на субвенции по Програма  2018- та година ќе добијат средства и по Мерката 8, односно зелена нафта. Агенцијата задно со компанијата која го доби тендерот за набавка на гориво за земјоделска механизација веќе ги печатат картичките. Ние печатените картички ќе ги предадеме на подрачните единици на МЗШВ. Персонализираните платежни картички, заедно со решението за финансиската поддршка по оваа Мерка, Упатството и  пин кодот на платежната картичка, ќе се подигаат од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сите земјоделци ќе треба да се обратат во подрачните единици на МЗШВ, во општината на која припаѓаат. Секако, ние како имплементатор на мерката ќе го следиме целиот процес со дистрибуцијата а секако преку соопштенија и прес конференции, постојано ќе информираме за текот и имплементацијата на целата мерка.

 

З.Б. Колку литри зелена нафта може да  искористи еден земјоделец?

 

Н.Бабовски: При креирање на мерката се водеше сметка за пријавените производни капацитети, односно, хектари за овошни и лозови насади, градинарски и полјоделски култури. Согласно програмата за хектар јаболко, круша, слива, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина капина и боровинка поддршката по хектар ќе биде 2.800 денари. Што значи ако еден земјоделец има 3 хектари од некои од овие овошни насади ќе добие персонализирана платежна картичка со 8.400 денари и со неа ќе може да точи „Еуродизел“  гориво за земјоделската механизација.

Градинарите кои во 2018- та година биле корисници на субвенциии и годинава одгледуваат домати, пиперки, лубеници, дињи, тикви, грав, боранија, грашок, компири, зелка, кељ, кромид, лук, праз, спанаќ, модар патлиџан и други градинарски култури за хектар одгледана површина ќе добијат на персонализираните платежни картички по 2.250 денари по хектар или за три хектари површина ќе им следува 6. 750 денари.  Согласно методологијата која ја изработија експертски тимови на МЗШВ и на Факултетот за наука и храна висината на поддршката зависи од културата и површината. Но, при креирање на оваа мерка мислевме и на оние земјоделци кои имаат мали површини и затоа сакам да истакнам дека и оние најмалите земјоделци, односно, и оние кои имаат 0,1 хектари земја нема да останат без субвенционирана нафта. Најнискиот износ кој ќе биде одобрен за оваа категорија мали производители е 500 денари, а додека највисокиот износ е исто така лимитиран и ќе биде до 100.000 денари. Целта е  на овој начин да се поттикнат земјоделските производители да го окрупнат своето производство.

 

З.Б.Агенцијата имаше распишано повеќе  огласи. Кога  треба да ги очекуваме резултатите од огласот за Млад земјоделец, огласот за користење средства  по   Мерка 1 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства “како повикот за користење на средства   од  ИПАРД  Програмата  2014-2020?

 

Н.Бабовски: Сите поднесени апликации се работат. Конкретно за мерката „Млад земјоделец “ дел од пристигнатите апликации не беа комплетни, се чекаше да се до комплетираат се во напредна фаза на обработка на апликациите. Минатата 2018 година за оваа Мерка на располагање имаме 101,5 милијарди  денари . Годинава за истата мерка на располагање се вкупно 225.207.000 денари што е зголемување на средствата за 122% . За истата мерка од повикот во 2017- та година до денеска исплативме 213 милиони денари, средства со кои овозможивме младите земјоделци да развиваат свои бизниси и  да бидат свои газди.

Годинава, посебен интерес веќе пројавуваат за Мерката Млад земјоделец, поддршката за младите оваа година е 20 илјади евра по корисник, што сепак не е мала сума. Практично со оваа Мерка, овозможуваме младите да остануваат во родните огништа, да создаваат сопствени бизниси во руралните средини.

Што се однесува пак за Мерките кои се спроведуваат преку ИПАРД програмата, на последниот повик за Мерка 1„ Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“, пристигнаа 1.099 барања. Во моментов, сите пристигнати апликации се обработуваат, дел од апликациите требаше да се дополнат со документација и веќе се привршуваат и тие предмети. Откако ќе заврши целосната обработка ќе почне и потпишувањето на договорите.

Паралелно се привршува обработката на апликациите и се потпишуваат договори за Мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“.

До денеска,склучени се 25 договори со вкупна побарувана сума од близу 2,6 милиони евра. Еден корисник веќе ја реализирал инвестицијата и доставил барање за поврат на средства од 105 илјади евра.

На првиот повик од ИПАРД 2, склучивме  947 договори со вкупна побарана сума од 21,7 милиони евра. 869 апликанти целосно ги завршиле инвестициите и доставиле барање за поврат на 13,9 милиони евра. На 398 апликанти веќе им се вратени 5,5 милион евра за реализираните проекти. Тоа се сериозни средства кои сме ги вбризгале во домашниот агро сектор. Со ова практично, го модернизираме и го правиме поконкурентно домашното производство на земјоделски производи.

 

 

З.Б.Дали  и со која динамика до крајот на годината ќе бидат ќе бидат распишани  нови повици по некоја од програмите  за развој на земјоделството и руралниот развој?(земјоделците особено го очекуваат огласот за млад земјоделец за кој беше најавена неповратна помош од 20 000 евра).

 

Претходните денови завршија повиците замерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност. “Исто така минатата недела заврши и повикот за добивање на финансиска поддршка за порибителен материјал преку Програмата за рибарство и аквакултура. Претходниот период објавени беа и повиците за набавка на приплоден добиток, за капитални инвестиции во општините за Локалните Акциски планови. Во моментов активен е повикот за  ревитализирање на старите рибници и пунктови. Сите кои се заинтересирани  ќе може да аплицираат за добивање средства преку „Програмата за рибарство и аквакултура“. За изградба на нови или реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови, финансиската поддршка изнесува 1.000.000,00 денари, толкава е и максималната вредност на оние кои сакаат да градат или реконструираат мандри за традиционален лов на риба во Дојранско Езеро, додека до 1.500.000,00 денари е максималната сума за поддршка за рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал.

Во наредниот период ќе следуваат повиците за „Млад земјоделец“, Плати за овчарите, набавка на порибителен материјал .Во моментов тече најавата а наскоро ќе има и Повик за ИПАРД Мерка 7 „Диверзификација на фармите и развој на мали бизниси“ Што значи дека тоа ќе бидат дополнително нови проекти и средства кои ќе ги развиваат малите претпријатија.

 

З.Б. Дали Агенцијата во иднина размислува за активирање на компјутерски систем со чија помош во секое време ќе може да се види кој земјоделец, колку и за што има земено  средства на име субвенции или друга финансиска помош?

 

Н.Бабовски: За ИПАРД програмата Агенцијата веќе согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци, на нашата веб страна ги објавува податоците за тоа кој апликант колку средства добил преку ИПАРД и каква инвестиција реализирал.

Паралелно преку проект финансиран од Европската комисија веќе е во тек. Предвидено е со новиот софтвер не само службите туку и секој земјоделец со помош на компјутер да може да си провери колку средства има искористено преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close