вестиТоп вести

Бабовски: Пред време ќе ја исплатиме мерката за одржување овошни насади

(Oвој напис е објавен на: февруари 22, 2019)

Платежната агенција и годинава ќе ја исполни законската обврска за исплата на субвенциите за овоштарите до 30 јуни годинава, а до крајот на март или на почетокот на април ќе ја исплатиме мерката за одржување овошни насади, потврди денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

-Ќе направиме напор заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и со овоштарите, основната мерка за одржување на овошни насади да ја исплатиме на крајот на март или на почетокот на април заради состојбата со која се соочуваат производителите на јаболка, рече Бабовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Платежната агенција.

Тој посочи дека не е спорно ни едно од трите барања на производителите, откупувачите и преработувачите на јаболка од ресенскиот дел што беа изнесени на вчерашната средба во Скопје.

-За дополнителната мерка за исплата на три денари се договоривме дека ќе биде исплатена во законскиот рок до 30 јуни, а за можноста да се реши моменталниот суфицит на конзумно и индустриско јаболко на пазарот се договоривме да се изнајде соодветно законско решение до 1 март, рече Бабовски и најави дека до крајот на месецов ќе има итензивни разговори на сите субјекти за наоѓање на соодветно решение.


 

opserver

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close