fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски објави-Картичките за зелена нафта се веќе во вашите подрачни единици

Во наредните денови продолжуваме со доставување на картичките во Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Струмица и останатите подрачни единици.

Картичките за зелена нафта се веќе во вашите подрачни единици !
Во изминатите денови покрај останатите тековни обврски, службите на АФПЗРР ги дистрибуираат картичките за зелена нафта низ целата држава.
Картичките се доставени во: Берово, Боговиње, Валандово, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Делчево, Кавадарци, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Кривогаштани, Крушево, Куманово, Неготино, Пехчево и Прилеп.
Во овие подрачни единици се доставени повеќе од 27.000 картички со вкупна вредност од близу 150 милиони денари.
Во наредните денови продолжуваме со доставување на картичките во Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Струмица и останатите подрачни единици.
Со мерката за зелена нафта се опфатени близу 49 илјади земјоделци за кои е одвоена сума од 275 милиони денари од програмата за финансиска поддршка во земјоделството, објави Никица Бачовски директор на Платежната агенција .
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close