Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски -За последните 2 месеци исплатени субвенции, теренска имплементација на мерки, нови јавни повици и одобрени инвестициски проекти
Во услови на криза која ги поремети сите нормални текови во секојдневното живеење и функционирање, заедно со службите од АФПЗРР успеавме да останеме посветени на имплементација на програмите, уредбите и мерките кои постојат како правна рамка за поддршка на македонскиот аграр.
Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски објави за реализирани исплати, теренска имплементација на мерки, нови јавни повици и одобрени инвестициски проекти.
Развојот на македонското земјоделство и агро – сектор е врвен приоритет во работата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Во услови на криза која ги поремети сите нормални текови во секојдневното живеење и функционирање, заедно со службите од АФПЗРР успеавме да останеме посветени на имплементација на програмите, уредбите и мерките кои постојат како правна рамка за поддршка на македонскиот аграр.
Последните 60-тина дена беа исполнети со реализација на исплати, теренска имплементација на мерки, нови јавни повици и одобрени инвестициски проекти.
Исплатени субвенции во сточарскиот сектор – директни плаќања за пчели, говеда, овци, кози, гоеници, задржано женско јагне и задржано женско јаре
Исплата за премија за произведено и предадено млеко од јануари – јули 2021
Исплатени субвенции во растителниот сектор – директни плаќања за користен сертифициран материјал и предадени градинарски и овошни култури
Започната распределба на картички за субвенционирање на гориво за земјоделска механизација за 50.000 земјоделци
Поддршка на извозот на вино преку мерки за маркетинг и пакување
Отворен модул за аплицирање за финансиска поддршка за набавено вештачко ѓубриво за есенската сеидба
Отворен јавен повик за дополнителна субвенција од 5760 денари за остварен принос на пченица, јачмен, р’ж, овес и сончоглед – предадени во преработувачки капацитет
Објавен јавен повик за субвенционирање на плати за овчари
Јавен повик за поддршка на функционирање на земјоделски задруги
Јавен повик од ИПАРД II за преработувачката индустрија за опрема и инсталирање на обновливи извори на енергија
Одобрени проекти за набавка на комбајни за ориз, изградба на силоси, набавка на опрема за тутун и поддршка за жени – земјоделки за инвестиции во преработка
Отпочната постапка за избор на оператор за откуп, пакување и дистрибуција на македонско јаболко за 186.000 ученици во 350 основни училишта.
Продолжуваме