fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиДвор и градинаЕкологијаТоп вести

Бајковито, магично, волшебно – „Куќата на цвеќето“ репрезент на Преспа

Секој добронамерник кој поминува на патот, кој води до Отешево, застанува барем за миг да подиши од миризливите ноти на цвеќињата и да се восхитува на погледот приреден од златните раце на Марина.

Ако има рај на земјата, тогаш лесно ќе го пронајдете. Треба само да го посетите преспанското село Волкодери. А таму, на самиот влез во селото првата куќа покриена со шаренило од бои е вистински цветен рај. Нема некој што поминал по патот за Отешево, а да не ја забележи „Куќата на цвеќето“. Плени со својата убавина, со стил подредени цвеќиња и разни украси, преовладуваат сурфиниите и петуниите, но не изостануваат ниту другите летни цвеќиња, бегонии, сардели, илјада и еден цвет….

И не само во лето, секое годишно време куќата плени со својата убавина. Како што одминува летото, сопственичката Марина Дочоска, веќе ја планира есенската декорација со хризантемите, а потоа доаѓа и зимското цвеќе.

– Ова е магија, не го може секој. Цвеќето бара многу љубов и внимание, но тука владее магија. Се е позитивна енергија, а мене душата ми е исполнета, возбудливо вели Марина.

Магија од цвеќе испреплетена во бајка

Секој дел од дворот си има своја бајковита приказна. Балконите со надвиснати бели сурфинии, дворот со зелена трева, покриена со разновидни украси, а на нив со стил наредени цвеќиња во разни бои. Малку понапред, на прва линија до главниот пат ќе ве пречека бајката со Снежана и седумте џуџиња, како гордо ѕиркаат меѓу цветните грмушки. Дел од приказната е и принцезата на бел велосипед, покриен со циклама петунии, а цветното царство е зачинето со уште многу додатоци и зеленило.

– Не ми е тешко да ги одгледувам цвеќињата, треба само да им го фатиш редот. Цвеќето ме вика. Цвеќето е како детето, мора да се среди сега и веднаш. Се друго може да се остави за утре, но цвеќето не, нагласува Дочоска.

Уметност изразена преку цвеќе на најфотографираната куќа

Секој добронамерник кој поминува на патот, кој води до Отешево, застанува барем за миг да подиши од миризливите ноти на цвеќињата и да се восхитува на погледот приреден од златните раце на Марина. Неизоставен дел е фотографирањето на куќата, со цвеќињата и прекрасните аранжмани. Покрај случајните минувачи, тука, како што ни раскажа Дочоска, се правеле свадбени фотосесии, а се снимале и музички спотови.

https://nezavisen.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close