fbpx
ВестиМакедонија

Кај се видело свадба без оро, и без музика

Според новиот протокол кој го предлагаат претставниците на ресторани се бара на работно време до 21 часот, свадбите да не се играат ора, а танц имаат чест да одиграат само младенците.

Новото „нормално“ кое произлезе од пандемијата со коронавирус е незамисливо ненормално во некои случаи. Досега не можевме да замислиме свадбените веселби да се одржуваат без музика, а камоли без да се заврти некое оро. Вреботените во музичкиот сектор се меѓу најпогодените од коронавирусот. Тие се без работа и немаат никакви ангажмани скоро цела година, па оттука и нивното незадоволство од новите протоколи за работење на нивната дејност. Имено, музичарите бараат да бидат дел од рестартирањето на угостителскиот сектор.

Немањето настапи им ги сведе приходите на минимум, а сега сакаат да има жива музика со почитување на препораките и протоколите за работа во ресторани и угостителски објекти. Според новиот протокол кој го предлагаат претставниците на ресторани се бара на работно време до 21 часот, на свадбите да не се играат ора, а танц имаат чест да одиграат само младенците. Бараат да има и жива музика, наспроти ограничен број гости. Средствата за дезинфекција да бидат задолжителни на секоја маса а персоналот да мора да носи маски. https://faktor.mk/kaj-se-videlo-svadba-bez-oro-i-bez-muzika

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close