fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бебе почина во сообраќајна несреќа на патот Струмица – Ново Село

Тешко повредени две жени

Бебе почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Струмица-Ново Село.

Според информаиците од МВР, не среќата се случила кога автомобилот во кој се превезувало бебето излетал од патот.

Во несреќата повредени се В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко.

„На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко“ соопшти МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close