fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бектеши: Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари

Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови.А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата„ напиша министерот Бектеши.

Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари, ги повикуваме останатите да го следат примерот.

Ја поддржуваме одлуката на дел од ланците на маркети во државата кои што донесоа одлука за време на криза да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши и ги повика останатите трговци да ја следат одлуката и да бидат солидарни во време на глобална криза.

„Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија не ја покачуваат цената на лебот и таа останува од 25-27 денари“, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил откако ланецот на супермаркети Кипер објави дека цената на лебот во нивните супермаркети ќе го заджат по цени од 25 до 27 денари.

„Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови.А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата„ напиша министерот Бектеши.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close