Двор и градина

Бела рада

(Oвој напис е објавен на: февруари 6, 2017)

Обичната бела рада може да се најде на ливадите или тревниците како самоникната, но со вкрстување на тоа мало растение се настанати многу видови кои може да се садат во градината или во саксии. Цветовите може да бидат во бела, розова или црвена боја, со жолто крукче во средината или сосема исполнети со латици како топче. Со доаѓањето на жешките денови престанува цветањето, но следната пролет ќе се појави повторно. Сака сончево место, па внимавајте кога ќе ја садите.

Ukras-od-belih-rada-na-stolovima-5

Висока е 10-15 cm, а потребно е да ги садите на растојание од околу 15 cm. Се размножува со делење на растението во пролет или со сеење. Бидејќи е двогодишно растение треба да ја посеете некаде во мај кога ќе помине опасноста од мраз, а ќе цвета следната пролет. Ако ја сеете на есен веројатно нема да цвета на пролет, но тоа зависи и од временските прилики во крајот каде се одгледува.

33

Можеби најдобро решение е да купите веќе закоренети растенија. Внимавајте само да бидат здрави, без дамки на листовите, со цврсти цветни главички и пупки, и да не бидат сиви од многу влага. Кога пресадувате растенија во цвет внимавајте што помалку да го вознемирите коренот. Направете дупка во земјата каде садите, лесно притиснете ја саксијата каде се наоѓа растението, фатете го растението што поблиску до земјата, извлечете го, ставете го во дупката и затрупајте со земја. Потоа добро полејте го со вода.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close