fbpx
ВестиТоп вести

Бесплатни технички проекти за изградба и реконструкција на фарми

На сточарите кои сакаат да изградат нови фарми или да ги прилагодат старите според европските стандарди ќе им бидат понудени готови технички проекти. Типските фарми ќе се однесуваат за одреден број животни.

besplatni tehnichki proekti za izgradba i rekonstrukcija na farmi

 

За прилогодување на македонското земјоделство и за производство на храна според стандардите на Европската Унија во тек е изготвувањето на документација за типски мини фарми.

Сточарите ќе имаат на располагање бесплатни технички проекти со целосни пресметки за формата и изгледот на идната или за реконструкција на сегашната фарма.

Пресметките се однесуваат за капацитетите од 10 и од 20 маторици, за 30 до 50 грла говеда и за 10, 20 и 30 молзни крави.

За ситниот добиток се предвидени објекти за 100 и за 300 овци или кози.

Целта е да се подобрат приходите на одгледувачите и снабдувањето на пазарот со месо и млеко и да се применат стандардите на Европската Унија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close