fbpx
Вести

БЕЗ ИНОВАЦИИ НЕМА КОНКУРЕНТНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО

Земјоделците се помалку применуваат иновативни мерки во своето производство за да бидат поконуренти на пазарите. Место следење на современите текови се задоволуваат со традиционалниот начин на проиозводство со што ниту ги зголемуваат приносите по хектар, ниту пак воведуваат нови култури кои се барани на пазарите.

„Земјоделците беа многу иновативни, со воведување на системот капка по капка, нов  начин на одгледување, затополување, воведување на кристални и течни минерални ѓубрива. Во последните години иновациите како и еланот на земјоделците да спласна, заради слабите откупни цени на производите и иновацијата кај нив може да се каже  дека не се забележува.“ – вели Игор Ивановски – агроном.

Бизнис иновацискито центар од Струмица почна со изработка на платфорама во која ке членуваат преставници на академскиот, јавниот и приватниот сектор со цел примена на иновативни мерки во македонскиот аграр.

„Ние се уште сме пионери во развојот на иновациите и претпиемништвото во тој сектор. Токму оваа платформа го озналува почетокот на нешпто подобро и поиновативно што ќе може да влијае на гарантираниот пласман, тука се и стратешките партнери кои треба да застанат зад компаниите, да се отворат пазарите на компаниите и да се помогне во развојот на идеи,м практии и иновации кои може да се применат и тука.“ – вели Ксенија Вангелова – БИЦ Струмица.

Агрономите тврдат дека треба и поголемапосветеност на државните институции со цел едукација и подршка на земјоделците за примена на новите технологии преку Ипард програмите.

„Преку такви агенции треба да се внесат информации, иновации и на тој начин земјоделците ќе се стимулираат да внесат иновација и државата ќе печали. Поголемо и поквалитетно производство, поголем извоз и поголеми девизи и даноци.“ – вели Игор Ивановски – агроном.

Воведувањето иновации во земјоделството е неопходно поради фактот што 30 проденти од вкупните извоз се земјоделски производи, а 12 проценти е придонесот на ова гранка во Бруто домашниот производ.


24mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close