вестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ: Правила за движење на земјоделците во време на забрана за движење

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:

 

-Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба. 

НАПОМЕНА:

  • Строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на МЗШВ и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење.
  • Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство
  • Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците.

 

  • Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба.
  • Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ. 
  • Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.

ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ И Е-МАИЛ АДРЕСИ НА ПОДРАЧНИТЕ ЕДНИЦИ НА МЗШВ СЕ ВО ПРИЛОГ

Бр. ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА Лице за контакт Телефон маил адреси
1 БЕРОВО Гоце Милошевски 072/204-514 [email protected]
2 БИТОЛА Методија Илиевски 070/373-554 [email protected]
3 БОГОВИЊЕ Басри Ферати [email protected]
4 ВАЛАНДОВО Васко Камчев 071/388-743 [email protected]
5  ВЕВЧАНИ Татјана Дуцкиноска-Петреска [email protected]
6 ВЕЛЕС Зоран Наковски 070/390-328 [email protected]
7 ВИНИЦА Зоран Соколов 071/367-258 [email protected]
8 ВРАПЧИШТЕ Гзим Хода [email protected]
9 ГАЗИ БАБА Горан Поповски 070/389-456 [email protected]
10 ГЕВГЕЛИЈА Дејан Маркудов 070/410-947 [email protected]
11 ГОСТИВАР Али Елези [email protected]
12 ДЕБАР Арбен Муладаути 071/367-459 [email protected]
13 ДЕЛЧЕВО Илче Каранфиловски 070/410-954 [email protected]
14 ДЕМ.ХИСАР Владимир Крстевски [email protected]
15 КАВАДАРЦИ Митко Керов 070/410-962 [email protected]
16 КАРПОШ Сашо Леонидов 070/403-857 [email protected]
17 КИСЕЛА ВОДА Азим Исеин 078/210-781 [email protected]
18 КИЧЕВО Снежана Софрониевска 071/367-414 [email protected]
19 КОЧАНИ Горанче Миладинов 070/410-961 [email protected]
20 КРАТОВО Љубе Цветанов [email protected]
21 КР.ПАЛАНКА Ивица Бојковски 070/410-433 [email protected]
22 КРУШЕВО Славица Стефановска 070/403-850 [email protected]
23 КУМАНОВО Насер Даути 070/403-849 [email protected]
24 МАК.БРОД Адријана Лаброска 070/403-846 [email protected]
25 НЕГОТИНО Сашко Минов 070/390-116 [email protected]
26 ОХРИД Сашо Сукловски 070/410-952 [email protected]
27 ПЕХЧЕВО Елеонора Димитров [email protected]
28 ПРИЛЕП Зоран Пачешкоски 070/410-432 [email protected]
29 ПРОБИШТИП Кузев Дарко 070/410-435 [email protected]
30 РАДОВИШ Стојан  Ангелов 070/410-948 [email protected]
31 РЕСЕН Игор Ивановски 070/390-128 [email protected]
32 СВ.НИКОЛЕ Дејан Гичев 070/390-184 [email protected]
33 СТРУГА Ариета Велиу 071/322-107 [email protected]
34 СТРУМИЦА Васил Коцев 070/410-431 [email protected]
35 ТЕТОВО Африм Сејрани 070/409-934 [email protected]
36 ЧАИР Младен Колариќ 070/403-859 [email protected]
37 ШТИП Павел Иванов 070/410-946 [email protected]
38 КРИВОГАШТАНИ Коста Дурланов 070/403-862 [email protected]
39 БРВЕНИЦА Африм Сејрани 070/409-934 [email protected]
40 РОСОМАН Зоранчо Шалев 070/403-852 [email protected]
ВКУПНО
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close