fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Битиќи: На мала врата се туркаат законски измени кои ќе им наштетат на земјоделците

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, на расправата во Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Кога Владата на СДСМ со законски мерки гарантираше обработливата земја да не може да се продаде како градежно земјиште, опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ блокираа и бурно реагираа,  а сега истите тие носат катастрофални измени на законот со кои лесно ќе ги направат сите тие трансформации меѓу категориите државно земјоделско земјиште, создавајќи реална можност да станат нечија приватна сопственост. Но ве уверувам, дека последиците од овие измени, усогласени со некои закони од сегментот на градба и инфраструктура, но неусогласена со сите други ќе нанесе штета на земјоделците“, предупреди пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на расправата за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, на расправата во Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пратеникот Битиќи предупреди дека  по скратена постапка се носат законски измени со кои суштински се  менува начинот на кој ќе функционира Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и начинот на распределба на земјоделското земјиште.

„ Со измените се овозможува продолжувањето на концесии да може да се направи директно, што е суштински проблематично во владеењето на правото, се што е директно преговарање е проблематично за мене“, рече Битиќи.

Во дискусијата пратеникот од СДСМ Битиќи предупреди дека со предложените измени ќе се изврши концентрација на моќ во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на распределба на државно земјиште.

„Навидум изгледа дека кратењето на една позиција во Владата, вицепремиер за економија, и менувањето на еден член не менува ништо.  Но од друга страна,  со тој член се зголемуваат ингеренциите на министерството за земјоделство, се концентрира моќ и тоа ќе одлучува за сè во државата. Елиминирањето на можноста за договарање во начинот како се распределува земјоделското земјиште не беше направено од претходната влада, туку од неколку влади наназад, и тоа поради заштита од концентрација на моќ. И за жал, што правиме ние сега, се враќаме дваесет години наназад, кај што ќе имаме можност тројца од иста институција, од иста канцеларија, да седнат и да кажат дека некој им се „допаѓа“, па ќе му се додели земјиште. Концентрацијата на моќ е болната точка на овие измени“, рече Битиќи и појасни дека  носењето на суштински измени треба да оди во редовна процедура за да има дијалог, за на крајот на денот да се елиминираат сите евентуални дилеми.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close