fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Битиќи: Oд 1 јануари мора да има покачување на цената на струјата

Свесни сме дека енергетската криза е овде, дека одредено покачување мора да има, но колку што е можно ударот кај граѓаните да биде поблаг, сметам дека тоа е императив за Владата“, вели вицепремиерот.

Oд 1 јануари мора да има покачување на цената на струјата, но ударот да биде поблаг, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Тој објасни дека зголемувањето на данокот за струјата е само една од ставките што влијаат на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните и дека во моментот се прават пресметките.

„Свесни сме дека енергетската криза е овде, дека одредено покачување мора да има, но колку што е можно ударот кај граѓаните да биде поблаг, сметам дека тоа е императив за Владата“, вели вицепремиерот.

Зголемувањето на ДДВ за струјата од 1 јануари в година го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. Данокот од 18 отсто беше намален на 5 отсто во јули  лани со измени на Законот за додадената вредност, а Владата на почетокот на годинава, пак, рече дека ако цената на струјата на берзите и натаму е висока, можно е ДДВ за струјата да не се зголеми на 10 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close