fbpx
ВестиТоп вести

Битолскиот гигант Синпекс, со свое претставување на симпозиумот за храна и земјоделство

Претставници на академската заедница, на бизнис-секторот, на останати институции и реномирани научници од 26 земји учествуваат во работата на 3. Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна што по повод 70-годишнината од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од денеска се одржува во Охрид.

На овој симпозиум учество зеде и битолската фирма – гигант за трактори и земјоделска механизација, Синпекс ДОО. Ќе се претстават сите капацитети на фирмата, визиите, идеите од огромното бизнис искуство во 27 годишното постоење и функционирање на македонскиот агро пазар.

 

На Симпозиумот ќе бидат презентирани 386 труда во сферата на научните и практичните достигнувања во областа на земјоделството и производството на храна, а самиот симпозиум ќе биде добра можност за поттикнување дискусии, соработка и натамошна научна и истражувачка дејност меѓу универзитетите, институтите, агробизнис-секторот и останатите релевантни институции.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close