Болеста јазлеста кожа нападна говеда во Сирково

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

Јазлеста кожа се појави низ стадата со говеда во селото Сирково. Иако се веруваше дека болеста, која првенствено ја пренесуваат инсектите односно комарецот, може да ја има покрај областите со мали води или мочуришта, сепак стигна и во ова росоманско село.

bolesta jazlesta kozha napadna goveda vo sirkovo

 

Жителите на селото кои одгледуваат говеда со неверување потврдуваат дека веќе нивните стада страдаат. Болеста ја утврдиле ветеринари и инспектори  во текот на вчерашниот ден. Побарано е од локалната самоуправа  да обезбеди соодветно место за јами  каде ќе бидат закопани заболените говеда.

Уништување требаше да се изврши денеска, а веќе се вакцинирани говедата кои не се заболени.

За Павле Димов од Сирково појавувањето на болеста во неговото стадо вели дека е гром од ведро небо.

„За оваа болест досега само слушав. Но ете сега се соочувам со последиците од неа врз говедата од моето стадо“ вели Димов.

Фамилијата Димови егзистира од сточарство, а Павле нагласува дека продолжиле да чуваат говеда бидејќи субвенциите давале поттик.

На седница советниците при советот на општина Росоман вчера го усвоија барањето на Агенцијата за храна и ветеринарство и е одредена локација каде ќе се уништуваат заболени говеда.