fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Боранија за 60, кашкавал за 300 денари, земјоделците се префрлија на Интернет

Литар трајно кравјо млеко сега во продавница се продава по околу 75 денари, додека на фарма на пример, неговата откупна цена е околу 20 денари за литар.

Скапите цени во маркетите ги натераа граѓаните да се свртат кон земјоделците, па расте трендот на купување вакви производи преку интернет. Цените тука се поевтини, квалитетот „домашен“, ама и ризикот поголем. Сепак граѓаните се повеќе преминуваат на овој тренд.

Килограм боранија за 60 денари, тиква по 15, но и кашкавал за 300 денари може да купи на интернет, ако купувачите успеат директно да се договара со земјоделците. Растот на цените во маркетите дополнително го забрза овој тренд на купување, па ги принуди дури и поплашливите, да купуваат од производителите.

Меѓу нив е и скопјанката Снежана Тодоровска, која во екот на пандемијата за првпат почнала да купува овошје и зеленчук по поевтини цени, од удобноста на својот дом.

„Се осмелив и се јавив на пар огласи и договорив да ми доставуваат на вреќа или гајба овошје и зеленчук. Луѓето коректни, доаѓаа два пати месечно лично, а овошјето ми го доставуваа по карго. Еве на пример, цело лето јадев преубави цреши за 50 денари килограм “, раскажува скопјанката.

Сега, кога во маркетите и млекото и месото станаа прескапи, се обидела на групите на Фејсбук да најде и други производи, директно преку земјоделците.

Првите обиди биле неуспешни, затоа што ретко кој сакал производите да ги достави до Скопје, ама откако јавно се пожалила, работите се промениле.

„Си договорив и канти сирење да носат, компири, кромид, домашни јајца, дури и месо. Се за пристојна цена. За (на земјоделците) да им биде исплатливо доаѓањето во Скопје, се договорив со неколку пријателки во исто време да нарачуваат и тие. Моја нога веќе ни во Веро, ни во Тинекс, а ни во месара не влегува. Веќе ги добив првите производи и сум презадоволна“, вели Тодорова.

Цената на храната во маркетите значително порасна во изминатата година. Раст има кај сите производи, но кај некои е огромен. Како кај лебот и зејтинот кои поскапеа за скоро 50%, месото и млекото над 20%, а високи се цените и на овошјето и зеленчукот.

Литар трајно кравјо млеко сега во продавница се продава по околу 75 денари, додека на фарма на пример, неговата откупна цена е околу 20 денари за литар.

Затоа Боркица Јакимовска, скоро 2 години година млекото го купува три пати неделно, директно од фармер од скопско.

Млеко во пластично шише од Кока Кола од млекарот кој и носи млеко на Боркица Јакимовска

И го носат до дома, во пластични шишиња од 1,5 литар, по цена од 75 денари. Вака вели, и заштедува и добива според неа поубаво млеко.

„Ова млеко го поткиселувам, убаво ми е, имам и млеко и кисело млеко. Поквалитетно е, поубаво е. Е сега (млекарот) водичка става, ама нема прашоци“, вели Јакимовска.

Земјоделците се вртат кон социјалните мрежи

Земјоделците и годинава се незадоволни од откупните цени на производите и целата состојба во ресорот. Па така, производителите на ориз од кочанско излегоа на протести поради ниска откупна цена. Оние од Овчеполието се лути бидејќи поради Африканската чума, ќе мора да ги заколат свињите, иако болеста ја нема во нивниот реон. Дел од сливите во малешевско завршија на депонија затоа што се откупуваа по цена пониска од производната. Голем дел и од пченицата подолго остана во силосите, поради револт од откупните цени, во време на енормен раст на цената на горивата за механизацијата, но и на ѓубривата.

Ова го налути кочанскиот земјоделец Сашо Митков, кој одлучи целата реколта пченица од 1300 килограми да ја продава на интернет. На откупувачи не сака да ја даде поради многуте одбитоци, па смета дека зијанот ќе биде поголем од ќарот. Лани вели вака брзо го продал јачменот, ама сега не му оди лесно.

„Па е многу тешко, се јавуваа неколку души, цената им е многу висока, сакаат нешто пониско, јас им барав 20 денари, па ја спуштив на 19, ама бараат за 17. А тоа е многу ниско“, вели Митков.

Сепак вака или онака ќе мора да ја продаде. Во спротивно додава, ќе ја изедат глувците.

Овој проблем го нема Миле Гошевски, производител на овчо сирење во пехчевско. Во селото Негрево неговиот татко чува овци и од сето млеко прави сирење, додека синот е задолжен за организирање на транспорт и продажба, но и огласување по социјални мрежи.

Повеќе на https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close