вестиТоп вести

23 агрометеоролошки станици ќе се постават на југоистокот на земјава

 

Општините од Југоистокот на државата ќе добијат агро метеоролошки станици. Во десетте општини планирано е да бидат поставени 23 станици.  Нивната намена  е собирање, обработка и прикажување на метеоролошките податоци како и давање навремена  информација за почетокот, траењето и интензитетот на напаѓање на поединечни болести или штетници врз културите.  Станиците треба да помогнат и во подигање на свеста кај земјоделците за ризиците предизвикани од прекумерено третирање на почвата како и обучување за користење на еден нов начин за управување со земјоделските култури преку.

Од центарот за Развој на Југоисточниот плански регион кој го имплементира проектот велат целат била преку користење на современите технологии да се придонесе за развој и заштита на земјоделското производство, но и на животната средина воопшто.

Неоходноста од реализација на еден ваков проект ја посочија самите граѓани од југоистокот кои низ повеќе форумски сесии како најпроиритетен го избраа решавањето токму на овој проблем.Поставувањето на агро метеоролошките станици е дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – прва фаза“ кој се имплементира со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. Вкупниот буџет изнесува околу 95 000 швајцарски франци, а периодот на реализација е шест месеци.

Извор: Сител

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close