Браната Калиманци полна со вода, но нема опасност од излевање
Обилните врнежи од дожд ја преполнија браната Калиманци
Обилните врнежи од дожд ја преполнија брана Калиманци, но засега нема простор од паника, за поплавување на земјоделските површини. Екипи постојано се на терен и ја следат состојбата со водата во Калиманци, информираат од Водостопанство „Брегалница“ .За разлика од претходната недела кога имавме чести врнежи од дожд, сега престанаа, а тоа значи дека дотокот во акумулацијата опадна.
„Денес сме на околу 20см под прелив и паѓа уште дотокот на вода. Денес околу 14.00пак ќе се повтори мерењето. Сега повеќе испуштаме отколку што се полни акумулацијата. Така што, не постои опасност, ептен ако некои екстремни дождови повторно се случат. Тоа не можеме да го предвидиме„ изјави Благојчо Богатинов, директор на Водостопанство„Брегалница„.
Изминатите неколку денови котата на водното огледало на браната достигна и 5см до точка на прелевање. За да не настане хаварија, за производство на струја преку хидроцентралата се испушта поголема количина на водата, а превентивно се чисти коритото на река Брегалница во близина на Истибање и Виница.
„Ние со наша механизација реагираме каде што има потреба и до сега ја држиме состојбата под контрола и мислам дека нема да има никаков проблем„ рече Богатинов.
Обилните врнежи од дожд ја наполнија акумулацијата која во моментот има 115 милиони кубни метри вода. Пред осум години брана Калиманци се прелеа, а целата вода заврши во Брегалница. Пради надојдените води кочанското поле целосно беше под вода, а поплавени беа неколку села, како и штипската населба Ново Село. https://alfa.mk/