fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Чекаме одговор од Министерство за финансии дали денеска ќе се исплатат субвенциите за тутунарите

Тутунарите ги чекаат најавените субвенции

Зелена берза веќе два дена се обидува да добие одговор од Министерство за финансии кога ќе почне исплатата на субвенциите за тутунарите, со оглед на тоа што министерот за земјоделие Љупчо Николовски, минатата недела најави дека  решенија за исплата се потпишани и прати до МФ за исплата.

Од Министерството за финасии ни ветија дека ќе не известат доколку денеска почне исплатата. Засега, нема потврда.

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски на 2 јуни, потврди дека ги потпишал решенијата за исплата за 17.280 тутунари и дека во текот на оваа недела на сметките на тутунарите ќе легнат близу 1.3 милијарди денари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close