fbpx
ВестиДвор и градина

Цвеќињата на Клаудија и Кристина од Теарце

 

 

Еден двор во тетовско Теарце со години наназад мириса на кринови. Една фамилија вредни луѓе за егзистенција одбрале да работат и да уживаат. Од 2002 година Гроздан Мановски и фамилијата го усовршуваат производството на режано цвеќе на 1.500 метри квадратни..

klaudija

Во моментов, планираат да посадат рози, со цел да го зголемат производството и достапноста на цвеќе во државата.

Семејството со љубов и радост се грижи за цвеќињата. Нивниот ден е исполнет со секојдневни обврски, кои се неопходни за растењето на цвеќето. Тоа не е воопшто тешко, затоа што секој од нив помага и работата е поделена. Ќерките Кристина и Клаудија со гордост зборуваат за своите родители и за она што тие постигнале во својот живот. Истакнуваат дека родното место е најголемото богатство кое треба да се чува и негува, бидејќи е едно и единствено.  Сега, тоа добива и поинаква смисла, затоа што е место за кое вреди да се зборува.

cveke

Нивните цвеќиња не се само познати во тетовско, туку и пошироко. За разлика од порано, сега е многу полесна продажбата. Цвеќето се пласира во Тетово и Гостивар, а најмногу во Скопје. Тие се задоволни,  бидејќи нудат квалитет на својот производ.

Семејството Миновси имаат многу планови во иднина. Една од најважните е да овозможат цвеќињата да бидат подостапни за секого. Ветуваат активности и настани кои ќе ги реализираат за да ги поттикнат луѓето да ги сакаат цвеќињата.

 


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close