fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Цената на струјата би се зголемила за 27 отсто доколку се прифатат барањата на компаниите, велат од РКЕ

Доколку се прифатат добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Доколку се прифатат добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на прес-конференција рече дека почнуваат анализите за цената на струјата и дека до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените за МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција.

– Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок – рече Бислимоски.

Во однос на воведувањето на пристап до мрежа, претседателот на РКЕ потенцираше дека тоа нема да биде нов трошок за потрошувачите и дека се ќе биде во рамки на одобрениот приход на компаниите.

– Никој нема да заработува пари од она што како цена ќе го определи РКЕ. Надоместокот ќе значи намалување на цената на мрежарината, нагласи Бислимовски, апелирајќи да не се подлегнува на шпекулации.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close