fbpx
ВестиТоп вести

Конечно подобра година за пчеларите

За разлика  од претходните години ,  пчеларите велат дека  оваа сезона е подобра. Имало години кога количините на мед биле далеку поголеми, но кога споредуваат со претходните години, кои беа катастрофални, сега е значително подобро. Токму заради овој факт што не може да се превиди каква ќе биде годината, пчеларите со оваа дејност се занимаваат само како дополнителна дејност. Но како и било која друга дејност и овде потребно е човек да има мерак  за оваа работа.

Муамед Иса од с. Мислодежда 18 км оддалечено од Струга. Наставник  е по хемија  и  покрај пченицата , јачмен и јонџа ( трева што се коси неколку пати) има и 50 сандаци со пчели. Има и нешто јаболка, 60 садници со орев, но она што го релаксира е пчеларењето.

„Во денешно време во настава не е лесно да се работи со деца, психички е напорно, но кога сум со пчелите се релаксирам. Овде е чисто планинско место одлично за пчеларење. Оваа година е успешна. Извадов 750 кг мед од 35 сандаци, останатите се млади, оваа година ги множев. Медот е природен, чист. 100% органски. Малку сме далеку од градот ама условите се идеални“, вели Муамед.

Со пласманот за сега нема проблем, по роднини пријатели , скоро секаде на западниот регион од државата, дури и во странство. Вели дека оној што еднаш го пробал  од неговиот мед повторно се враќа да земе.

Со пласманот за сега нема проблем, по роднини пријатели , скоро секаде на западниот регион од државата, дури и во странство. Вели дека оној што еднаш го пробал  од неговиот мед повторно се враќа да земе.

Слична е состојбата и со неговиот соселанец  Раим Хоџа кој е вработен во основното училиште како хигиеничар, но во слободното време се занимава со пчеларење.

„Минатата година немаше ништо. Оваа година е подобра. Успеав да извадам 300 кг мед. Се надевам дека другата ќе биде подобра. Оваа година кога дрвата беа во цут, времето беше врнежливо и пчелите не можеа да собираат полен. Годината е добра ако во просек се добијат по 10 кг мед, инаку од еден сандак може да се соберат и 40кг. Гарантирам за квалитетот. Медот е 100% природен“, вели Раим.

И Муамед и Расим со мерак си ја работат работата. Имаат поддршка од семејствата и користат субвенции од државата. Сметаат дека со оваа дејност би се занимавале повеќе луѓе доколку е поголема поддршката од државата. За пчеларењето не е потребно само мерак, потребно е и знаење.

„Потребна е постојана едукација. Навистина ние сме подалеку и овде природата е чиста, но сепак треба да бидеме  повеќе информирани. Можни се болести и експерт треба да не информира како треба да постапуваме. Нашиот мед е природен , чист. Со ништо не ги прихрануваме пчелите, но ние  не поседуваме сертификат за органско производство. Не  знаеме која е процедурата за тоа“, вели за Зелена берза Муамед Иса.

И покрај сите убавини што ги нуди природата во Мислодежда сепак мештаните ги мачи проблемот со иселувањето на младите. Барајќи подобар живот, голем дел се иселиле. Бројот на ученици во основното училиште во овој реон  за десет години е трипати помал и изнесува 55 ученици. Дали некој од овие деца ќе остане овде или барем ќе навраќа на овие простори само за пчеларење ќе покаже времето.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close