fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Цените на бензините и на дизелот не се менуваат, намалување има само кај мазутот

Дизел-гориво останува – 80,50

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 % во однос на одлуката од 6.11.2023 година.

Од 9.11.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ 0 81,00 (денар/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,00 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 80,50 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 44,996 (денари/килограм)

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,005 денар/кг и сега ќе изнесува 44,996 денари/кг.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и “евросупер БС-98“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,006 %, кај дизелот 0,429 %, кај екстра-лесното масло 0,670 % и кај мазутот намалувањето е 2,158 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,562 %.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close