fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Цените на грозјето се зголемени од 8 до 10 денари во однос на лани

Во Сопот, Кавадарци, Трипуновски посети откупен центар за грозјето

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска беше во посета на откупен пункт на грозје во Сопот за да се увери во текот на почетокот на бербата на грозјето. Тој беше информиран од страна на сопственикот на откупниот пункт на грозје и од земјоделците дека тоа што се откупува оди за извоз.

„Цените се од 8 до 10 денари зголемени во однос на ланските цени, во делот на Шардоне, Темјаника, сортните вина. Додека за Вранецот она што ќе почне да се извезува ќе се плаќа по 25 денари. И некои 22 денари за Смедеревката. И тоа е исто така сериозно поткревање во делот на извозот“, истакна Трипуновски.

„Мојата посета денеска е лично да се уверам во делот на тоа како ќе почне и стартува откупот согласно истакнатите цени кои што ги имавме во винарските визби. Заедно со Инспекторатот ќе го следиме процесот. Оние цени кои што ги истакна Министерството зголемени за 25% мора да се почитуваат“, нагласи министерот.

Трипуновски додаде дека мора да се плаќа согласно квалитетот.

„Гледам одредено тактизирање на винарските визби дека повеќе им треба бело грозје отколку црно. Тука апелирам да секој согласно планираните количини кои што ги има најавено да си го изврши откупот, да се плати согласно Законот и нормално да се плати согласно квалитетот. Не сакам да има отстапки“, појасни тој.

Министерот посочи дека секаде каде што има потреба ќе се реагира, се со цел да се заштити трудот на земјоделецот.

„Протекции апсолутно нема да има, Законот за сите подеднакво треба да важи, дали се визби, дали се земјоделци. Едноставно Законот мора да се почитува“, изјави Трипуновски.

„Јас ветувам и Инспекторатот и јас лично и на дневна основа ако треба ќе бидам присутен и ќе го следам процесот, затоа што ова мора да се воспостави како правило кое што треба да се почитува“, истакна министерот.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close