fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Цените се намалуваат, растат плати и пензии, вели СДСМ

Цената на белиот и полубелиот леб е намалена и замрзната на 33 денари. Намалени се цените на тестенините за 15 проценти, а за 10 проценти пониски се цените на млекото и на млечните прозводи – урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Замрзнати се и цените на јајцата и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото од 15 март, а со важност до 30 април.

Мерките и политиките на СДСМ за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните во време на светска економска криза даваат резултати, се намалуваат цените, а истовремено растат платите и пензиите, вели СДСМ

„Од минатиот месец, цената на белиот и полубелиот леб е намалена и замрзната на 33 денари. Намалени се цените на тестенините за 15 проценти, а за 10 проценти пониски се цените на млекото и на млечните прозводи – урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Замрзнати се и цените на јајцата и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото од 15 март, а со важност до 30 април.

Меѓу производите со замрзнати цени ќе се најдат и дел од хигиенските производи, а дел од овошјето и зеленчукот неделава ќе добијат замрзнати цени.

Со системски решенија и со исправни економски политики растат платите и пензиите.

Минималната плата од овој месец се покачи за 2.175 денари односно од 18.000 на 20.175 денари.

Просечната плата во државата за пет години се зголеми за 44 проценти и сега е над 34.000 денари.

Мартовската пензија е покачена за 8,4 проценти – во една календарска година пензиите пораснаа за 16 проценти, а со септемвриското усогласување ќе се зголемат за 25 проценти.

СДСМ го слуша гласот на граѓаните, никој не е оставен сам да се справува со последиците од светската економска криза“, се вели во соопштението.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close