fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Цените за тутунот за новата реколата се неприфатливи-прва класа 365 или 375 денари

Сојузот предлага 500 денари за прва, 420 за втора и 350 за трета класа за оваа година.

Сојузот на земјоделските здруженија  ги доби договорите на компаниите со предлог цени за новата реколта во кои се предлага за прва класа 365 или 375 што е неприфатливо за тутунарите. Сојузот ги повика тутунарите да не склучуваат договори за новата реколта што законски како можност почнува од 1 март.

-Категорично на компаниите им испративме електронски соопштенија дека ги отфраме нивните предлог-цени и не ги прифаќаме, зашто оваа година беа повисоки цените од овие сега што ни ги предлагаат за новата реколта. Затоа ги повикуваме сите тутунопроизводители да не склучуваат договори. Фирмите ни ја воспоставија практиката наесен да потрпишуваат анекси на договорите, тогаш и ние, на есен ќе склучуваме договори . Тогаш, пак ќе си ги гажеме нашите цени, нашите трошоци и нашите барања. И тогаш ќесклуќиме договори со која фирма сакаме и која фирма ќе се согласи со нашите предлог цени. А нашиот предлог е што сега компаниите не го прифаќаат 500 денари за прва, 420 за втора и 350 за трета класа. Ние што произведуваме, ќе продолжиме да го произведуваме тутунот, зашто од тоа живееме. Ние не може да го уништиме тутунопроизводството поради интереси на фирмите, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close