fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Толку ли е тешко да се дадат 5 милиони евра за тутунарите?

Отворено писмо до Претседателот на Собрание Талат Џафери, министерот Арјанит Хоџа и првиот човек на Платежната агнеција Никица Бачовски.  

Колку време ви е потребно да го поделите петтиот пакет за тутунарите?, повторно прашува координаторот на новоформираните земјоделски здруженија Игор Мирчески во отворено писмо до Претседателот на Собрание Талат Џафери, министерот за земјоделие Арјанит Хоџа и првиот човек на Платежната агенција Никица Бачовски.

ОТВОРЕНО ПИСМО Почитуван Министер,Претседател на Собрание и директор на Платежна агенција: Дали сте свесни дека започна школската година,треба ли и ние на нашите деца да им купиме нова облека, ташни, книги,школски прибор таблети за следење на наставата по новата образовна програма која ја наметнува министерката Царовска. Треба ли нашите дечиња да се срамат од своите другарчиња кои нивните родители за среќа не се земјоделци или тутунари па на време им ги обезбедиле овие помагала.Тие се срамат од своите врсници како дечиња од друга класа, а пак ние се срамиме пред своите деца, зошто сме немоќни како родители да им обезбедиме подобар живот и подобри услови.

Овој срам и немоќ кој ни го предизвикувате вие ќе ви се удри од глава. И затоа:

Министре Хоџа предложивте ли нов закон на веќе изгласаниот од април месец?

Господине Џафери, ако ви предложил министерот нов закон на веќе изгласаниот дали мислите да го ставите на гласање во догледно време или повторно ќе си ја префрлате топката?

Господине Бачовски ако се исполнети сите услови зошто сецуште не сте извршиле исплата?

Колку време ви треба за пресметување на 3 денари за втора класа и по 16 денари за трета и четврта класа? Тутунарите од април месец ги чекаат овие одговори. Ќе прашам повторно толку ли е тешко да се дадат 5 милиони евра за тутунарите?, прашува Мирчески во отвореното писмо.

ЕКСКЛУЗИВНО прочитајте-Дали тутунарите ќе го добијат 5 пакет пред локалните избори

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close