fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Да не беа доматите од Албанија и Турција ќе останевме без шопска салата

Земјоделците велат дека годинава градинарските култури поради неизвесноста и ниските откупни цени се засадени на многу помали површини. Недостатокот на пазарите годинава се надополни со увоз од Албанија и Турција.

На зелените пазари невообичаено високи за овој период од годината. Високите откупни цени, но и намаленото производство на земјоделски производи влијаеја врз понудата и цените на мало. Земјоделците велат дека годинава градинарските култури поради неизвесноста и ниските откупни цени се засадени на многу помали површини. Недостатокот на пазарите годинава се надополни со увоз од Албанија и Турција. И граѓаните реагираат на високите цени, велат дека килограм домати во лето никогаш не биле повеќе од 60 денари, а годинава среде сезона се продава за 80 денари, а иста е и цената на пиперката, додека ништо повтини не се краставиците.

– Високите откупни цени, но и изгор цените на пазарите на мало се должат на драстично намаленото производство. Количествата кои ги произведуваме не се доволни ни за задоволување на потребите на домашниот пазар. Недостигот на домати и оваа година го надополнивме со увоз од Албанија и Турција поради што и цената во одреден период од летото беше пониска. Откупните цени на доматите, пиперките и краставиците оваа година се високи и се движат околу 40 за килограм, вели за ВЕЧЕР, Ристо Велков, претседател на Сојуз на земјоделци од Струмица.

Според него, причината за намалени површини под градинарски култури годинава се високите цени на ѓубривата, семињата, нафтата…

-За да стигнат до зелените пазари земјоделските производи поминуваат низ неколку раце. Земјоделците го плаќаат цехот преку високите цени на репроматеријалите, а граѓаните со високи цени на крајниот производ. Порано на пазарот претежно продаваа непосредните производители, денес речиси нив и воопшто ги нема, вели Велков.

Граѓаните годинава се изненадени од високите цени на земјоделските производи. Велат дека цело лето доматите не се спуштија под 60 денари за килограм, а изминатите години овој период биле минимум за 50 отсто поевтини.

-Ова лето имаме рекордно високи цени што досега не се паметат. Се враќаме дома со празни торби. Доматот е 60 и 70, пиперките 50 денари, што е многу, многу е. Наместо по неколку килограми купуваме по еден килограм колку да има за салата. Среде лето цените на земјоделските производи се како во зима. И не само што цените се превисоки, туку и квалитетот не е како што беше порано, коментира еден купувач на Зелен пазар.

Освен градинарските производи земјоделците од Струмичко годинава се жалат и на ниските откупни цени на бостанот. Бостанот се откупува од денар и половина до два денари, а на зелените пазари се продава од 10 до 20 денари за килограм.

-Струмичкиот бостан се продава за џабе. Од денар и половина до два денари за килограм. Неколкугодишните последователни лоши откупни сезони ја намалуваат желбата за одгледување на оваа култура, вели Велков.

Годинава производителите имаа и големи штети од невремето со град што пред еден месец го зафати овој регион. Градот уништи голем дел од производството стасано за зреење, а влијаеше и на квалитетот на родот.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close