fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Да се решат проблемите со цената на грозјето

Лани имало 93 милиони килограми грозје во државата, 76 милиони од индивидуални земјоделски стопанства и 17 од винарници што располагаат со сопствени лозови плантажи.

Подобри состојби во лозаропроизводството бараат лозарите и најавуваат „жежок септември“ доколку не им се излезе во пресрет на нивните барања и укажувања, вели за МИА Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозаропроизводители во Македонија со седиште во Кавадарци. Тој посочува не ја исклучуваат можноста од протести и блокади во својот обид да го свртат вниманието на јавноста кон проблемите во лозарството. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пак, велат дека на седницата на потсекторската група било кажано дека е критично важно да се воспостават договорни односи помеѓу земјоделците и винарниците и оти тие треба да бидат поставени на стабилна основа.

Златевски истакнува дека години наназад производителите на грозје се соочуваат со проблеми и крајно време е, како што додаде, да се затворат прашања отворени со децении како, на пример, одредување производствени цени за килограм грозје и време на објавување на тие цени според шеќерните единици.

Според информациите со кои располагаат, рече дека лани имало 93 милиони килограми грозје во државата, 76 милиони од индивидуални земјоделски стопанства и 17 од винарници што располагаат со сопствени лозови плантажи.

– Годинава очекуваме околу 40 милиони. Родот е преполовен поради болестите како пепелница и пламењача, но и како последица на глобалното затоплување, климатските промени, временските непогоди – вели претседателот на Сојузот.

Од Секторот за вино во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) велат дека годинешниов род на винско грозје се проценува од 65 до 70.000.000 килограми. Оттаму додадоа дека поради развој на пепелница и пламеница на лозовите насади, родот и квалитетот на винското грозје се намалени, додека побарувачката на винско грозје изнесува од 85 до 90.000.000 килограми.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close