fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кажете дали вреди трудот ако полна тракторска приколка бостан чини 1.000 денари

За една тракторска приколка, во зависност од големината,  трговците нуделе од 1000 до 5000 денари. сума која според земјоделците е доволна само  за два вреќи вештачко ѓубре.

Слаб  интерес за струмичкиот бостан оваа сезона. Производителите се жалат на лош пласман и цени кои се под секоја пазарна логика.  На пазарот на големо во Колешино лубениците се продаваат по цена  од 1 до 2 денари за килограм. За една тракторска приколка, во зависност од големината,  трговците нуделе од 1000 до 5000 денари. сума која според земјоделците е доволна само  за два вреќи вештачко ѓубре.

Разочарани од ваквата состојба, производителите размислуваат од идната година    целосно  да се откажат од земјоделието.

Ниските цени и лошиот пласман не се единствените проблеми со кои се соочија производителите на бостан оваа година.  Пред околу месец половина тие претрпеа и дополнителни штети од невремето со град што го зафати овој регион во кое најмногу страдаше токму производството со бостан.https://sitel.com.mk/zemjodelcite-prashuvaat-dali-vredi-trudot-ako-polna-traktorska-prikolka-bostan-chini-1000-denari

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close