fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дали здравата храна станува привилегија на богатите или е достапна и за оние со „потенок“ џеб?

Дали здравата храна е достапна за сите или само за побогатите граѓани? Дали кога пазариме купуваме што сакаме или се одлучуваме за најевтините намирници?

Во вакви услови кога граѓаните се жалат дека едвај го поминуваат месецот, дали се храниме во согласност со финансиските можности или се храниме здраво? Дали здравата храна е достапна за сите или само за побогатите граѓани? Дали кога пазариме купуваме што сакаме или се одлучуваме за најевтините намирници?

Не можам да си дозволам сè што сакам, но донекаде се хранам здраво. Ако уште малку поскапат млечните производи, во нашето семејство нивната употреба ќе се намали. За луѓето кои примаат минималец, верувам дека им е многу потешко, затоа што секојдневно слушам коментари како луѓето се жалат дека доматите, пиперките се скапи“, вели наша соговорничка.

Нутриционистот м-р Илија Бузлевски, вели дека на светско ниво цените на храната растат, ниту развиените земји не се поштедени, а во некои делови од светот се чувствува недостиг од храна. Тој истакнува дека добро во целата приказна е тоа што во нашето поднебје имаме здрава храна во изобилство.

„Меѓутоа многу е важно да се разјасни таа табу тема која воглавно доминира во однос на достапноста на здравата исхрана и нејзината цена. Во програмите за здрава исхрана што ги изработуваме во нашиот центар сите хранливи продукти кои се ставени, истите се од нашето поднебје и кои за наша среќа ги имаме во изобилие. Таа храна не е ништо поскапа од онаа условно речено нездрава исхрана, односно т.н нездрави продукти, меѓутоа мора да се знае и разликува која е таа храна, да се познаваат принципите на комбинирање на таа храна, време на земање, количина, калориски внес, начин на спремање и т.н.  Од таа гледна точка Ви тврдам дека здравиот начин на исхрана пред сè зависи од нашата желба и подготвеност, нашата принципиелност и едуцираност за примена на истиот“, вели Бузлевски. Повеќе на линкот https://faktor.mk/dali-zdravata-hrana-stanuva-privilegija-na-bogatite-ili-e-dostapna-i-za-onie-so-potenok-dzeb

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close