Дали земјоделците се подготвени за автентична земјоделска партија во Македонија? – реакција на земјоделци до Зелена берза
Целта би била обединување на сите земјоделци во државата и обезбедување на нивен директен претставник во Парламентот.
Во последните денови земјоделци со реакција до нашиот медиум велат дека се повеќе се наметнува идејата за формирање на автохтона, автентична земјоделска партија во Македонија, чија основна цел би била обединување на сите земјоделци во државата и обезбедување на нивен директен претставник во Парламентот.
Автентична земјоделска партија во Македонија, што би значило ова – Ваквиот пристап би овозможил земјоделците конечно активно и директно да учествуваат во креирањето политики и во решавањето на бројните проблеми со кои се соочува аграрниот сектор.
Се поставува прашањето: дали една ваква идеја е остварлива и дали земјоделците, како значајна општествена и економска сила, конечно ќе успеат да се оттргнат од постојните политички структури, во кои најчесто се сведени на бројка – гласачко тело, без реално исполнување на нашите барања? Може ли оваа идеја да прерасне во серизно движење и конечно да се претстави земјоделското прашање како приоритет во државата?, стои во реакцијата на земјоделци до нашиот медиум.



