Дане Јошев-Лозјата масовно се продаваат на бизнисмени за поставување на фотоволтаици
Преку ноќ се купуваше земјоделското земјиште, се вршеше пренамена во градежно и се поставуваа фотоволтаици. И покрај тоа што од власта ветија дека плодното земјиште од прва и втора категорија ќе се користи само за производство на храна и оти на него нема да се дозволи да се поставуваат фотоволтаици, сепак на терен ситуацијата е поинаква.
Во Тиквешијата лозовите насади масовно се продаваат на бизнисмени за поставување на фотоволтаици. Лозарите разочарани од ниските цени на грозјето, немањето на млада работна сила, неисплатените субвенции последниве години сè почесто се решаваат на ваков чекор, објави ВЕЧЕР. Пред извесно време истото се случуваше во Овче Поле каде што најквалитетното земјоделско земјиште од прва до петта категорија се користеше за поставување на фотоволтаици. Преку ноќ се купуваше земјоделското земјиште, се вршеше пренамена во градежно и се поставуваа фотоволтаици. И покрај тоа што од власта ветија дека плодното земјиште од прва и втора категорија ќе се користи само за производство на храна и оти на него нема да се дозволи да се поставуваат фотоволтаици, сепак на терен ситуацијата е поинаква.
Земјоделците велат дека ако продолжи ваквата практика ќе останеме не само без грозје, туку и без храна. Тие велат дека не се против изградба на фотоволтаици, но не на плодните ниви. Стравуваат дека сите земјоделски површини во државата ќе се претвораат во градежни парцели.