fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделска револуција-тутунарите на Плетвар излегоа со мотики

На транспарентите поставени на мотика пишува- „Ако оваа не копа на нива, ќе копа на друго место“

„Земјоделска револуција“ вака тутунарите од Пелагонија ги наракуваат свите протести незадоволни од откупната цена и проценката на тутунот. И денеска тутунари од повеќе краишта на државата излегоа на протест. Плетвар  е блокиран од 10 часот, па се до 16 часот. Тутунарите на протест излегоа со мотики  симболично да испратат порака за нивната мака, но воедно да упатат и порадикални пораки кон оние кои не го почитуваат нивното достоинство. На транспарентите поставени на мотика пишува- „Ако оваа не копа на нива, ќе копа на друго место“ и „Пари дури ни за мотики немаме да си купиме“ . Во исто време протестити на тутунари има и во Битолско и во Радовишко.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close