Свинското за Божиќ се продава и до 500 денари, костените 250 денари за килограм
И цените на сувото овошје, кое е дел од бадниковата трпеза, се превисоки за граѓаните и се движат од 50 до 100 денари за 100 грама.
Цените во маркетите и на зелените пазари се високи и пред овој Божиќ. И покрај тоа што власта постојано се фали дека се топи инфлацијата, сепак, голем дел од граѓаните нема да може да ја наполнат празничната трпеза. Цените на свинското, кое е неизбежен дел од божикната трпеза, се движат од 350 до 500 денари, костените, оревите и бадемите во лушпа се продаваат за 150 до 250 денари за килограм, јаболката за 30 до 50 денари, портокалите за 50 денари, мандарините за 60 денари, бананите од 80 до 90 денари. И цените на сувото овошје, кое е дел од бадниковата трпеза, се превисоки за граѓаните и се движат од 50 до 100 денари за 100 грама. Граѓаните велат дека печеното прасешко е дел од традицијата и мора да го имаат на трпезата за празниците. Но, поголем дел од граѓаните, кои се со поплиток џеб, велат дека ќе ги поминат празниците скромно, без печено месо и луксуз на трпезата.
За свинското месо, кое е омилениот дел од божиќната празнична трпеза, македонските граѓани годинава треба да платата повеќе, бидејќи за една година цената му скокна за 20 отсто. Така, килограм кртина во маркетите и во месарниците чини од 350 до 400 денари, нешто поевтино е пилешкото – од 200 до 300, а килограм говедско чини од 550 до 650 денари.
Од месарниците велат дека веќе подолго време цената на месото е стабилна и оти деновиве има поголема навалица од вообичаено, поради претстојните празници.