ВестиЕкологијаТоп вести
Дебарца ќе добие еко-музеј
Со средства обезбедени преку проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ на претпристапните ИПА фондови на ЕУ, Општина Дебрца ќе ја рекопнструира зградата на старата касарна во селото Белчишта, со нејзина пренамена во ЕКО-музеј Белчишко блато „Сини вирој“.
За реконструкција на објектот се предвидени околу 130 илјади евра, додека преку дополнителен буџет внатрешноста ќе биде уредена со мебел и техничка опрема, со простории во кои ќе бидат изложени убавините на Белчишкото блато, со цел локалитетот да биде подостапен и попривлечен туристите.
Партнери во реализацијата на проектот се Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „Jасен“, Шумарскиот факултет од Скопје до македонска страна, додека грчката страна во проектот е вклучено преку Општината Терми и за Институтот за одгледување на растенија и генетски инжинеринг.
Извор: мкд.мк