Денес-Камен темелник за автопатската делница Прилеп-Битола на Коридорот 10д
Во Прилеп денеска ќе биде поставен камен темелник за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите делници предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Во Прилеп денеска ќе биде поставен камен темелник за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите делници предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. За останатите три автопатски делници на Коридорот 8 свеченоста се одржа минатиот месец.
Во собраниската Комисија за европски прашања вчера почна расправата за измените на петте закони поврзани со изградбата на коридорите, што ги предложи Владата по скратена постапка со европско знаменце, со образложение дека со нив ќе се олеснат процедурите за поевтина и побрза изградба.
Означувањето на законите со европско знаменце и натаму е предмет на дебата во јавноста, а опозициските пратеници критикуваат дека со тие закони не се врши усогласување со европската легислатива.
Критиките за ова вчера првпат ги коментираше премиерот Димитар Ковачевски, кој вели дека законите за коридорите се со европско знаменце затоа што станува збор за изградба на стратешки коридори и оти со нив ќе се овозможи побрза и поевтина изградба.
-Станува збор за два исклучително важни коридора, но и за други стратешки инвестициски проекти кои се прават или ќе се прават во државата, во делот на патната, железничката или енергетската инфраструктура. Владата поднесе пет измени на закони, односно усогласувања, за да се овозможи побрза и поефикасна градба, но и градба со финансиска конструкција која ќе биде пониска од она што е со постојаната регулатива, изјави Ковачевски, при посетата на Штип.