Денеска се очекуваат врнежи од дожд на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег
Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, особено во западните делови.
Во текот на ноќта најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, претпладне од западен, а попладне од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Недела од вечерните часови, во текот на ноќта и понеделник ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, особено во западните делови. Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи. Температурите ќе бидат во опаѓање.




