Банките минатата година остварија добивка, а вкупните депозити со раст од над 6 проценти
Заклучно со 30 ноември минатата година, вкупните депозити на ниво на банкарскиот систем, без вклучување на депозитите од банки, изнесуваат 422.239 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 6,3 отсто.
Може да се забележи дека учеството на денарските депозити останува доминантно споредено со девизните, со што се потврдува довербата на населението во денарот. Банките годината ја завршуваат со добивка и покрај мерките со кои беше одложувана отплатата на кредитите и неизвесноста во услови на пандемија во кои работеа клиентите.
„Заклучно со 30 ноември минатата година, вкупните депозити на ниво на банкарскиот систем, без вклучување на депозитите од банки, изнесуваат 422.239 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 6,3 отсто. Вкупните депозити на домаќинствата бележат пораст и во однос на истиот период минатата година за 5,4 отсто и во однос на крајот на годината 2,3 отсто. Вкупните депозити на нефинансиските друштва бележат пораст од 10,2 отсто во однос на истиот период минатата година и од 4,0 отсто во однос на крајот на годината. Може да се забележи дека учеството на денарските депозити останува доминантно споредено со девизните, со што се потврдува довербата на населението во денарот“, вели во интервју за МИА, претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева..https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/bankite-minatata-godina-ostvarija-dobivka-a-vkupnite-depoziti-so-rast-od-nad-6