fbpx
Вести

Diet Coke и Zero Sugar ги „засладија“ резултатите на Coca-Cola

Американската компанија за безалкохолни пијалоци „Coca-Cola“ ги надмина очекувањата на Wall Street за продажба за кварталот благодарение на успехот на нови верзии на „Diet Coke“ и побарувачката на брендот „Zero Sugar“, соопштува „Ројтерс“.

Приходите од продажбата на основниот бизнис на пијалаци на компанијата се зголемија за 5% во вториот квартал, при што најголем придонес имаат „Diet Coke“, „Zero Sugar“ и газираната вода.

Претходно оваа година, компанијата лансираше пијалаци со нови вкусови од популарниот бренд „Diet Coke“ во помали лименки, реагирајќи на овој начин на побарувачката на потрошувачите за газирани пијалаци со ниска или нула содржина на шеќер.

Обемот на продажба, кој е клучен индикатор на побарувачката, во второто тримесечје се зголеми за 2%, поради силните перформанси на брендот „Coca-Cola“ и чаевите „Fuze Tea“.

Нето добивката се зголеми на 2,32 милијарди долари или 54 центи по акција, во вториот квартал до 29-ти јуни, наспроти 1,37 милијарди долари или 32 центи по акција една година порано.

„Coca-Cola“ соопшти дека по исклучувањето на еднократните ефекти, нејзиниот профит изнесува 61 центи по акција, така што ги надминува со еден цент прогнозите на аналитичарите, кои учествувале во анкетата на „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Приходот на компанијата падна за 8 отсто на 8,93 милијарди долари, затоа што страдаше од продажбата на операциите со флаширање и операциите со ниска маргина.


 

денар

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close