fbpx
ВестиТоп вести

Димковски за 24 отворено: Ако даваме пари, а не ги контролираме, ефектите може да ни бегаат низ раце

 

Министерот за земјоделство Трајан Димковски во денешното гостување во емисијата Отворено истакна дека опозицијата застанала зад неодамнешните протести на земјоделците. Што се однесува до барањата за исплатата на субвенциите, тој објасни дека со ребалансот на буџетот треба да се издвојат 15 милиони евра.

„Со издвојувањето на овие сретства од ребалансот веќе почнаа и се исплатени онаа интервентна мерка за оризова арпа, во тој период или пред тоа се исплати еден денар за грозјето. Во овој момент за градинарски култури оние дополнителни три денари и тие се исплатија. Имаме и информација каде се исплатени близу 500 000 евра на 7000 сточари.“ – објасни Трајкковски.

Лозарите му се пожалија и на откупната цена на грозјето и дека немало инспектори. Трајковски потенцираше дека улогата на инспекторатот е да провери дали вагите се баждирани, дали користат правилни инструменти и доколку има потреба за излегување на терен, лозарите може да испратат барање.

„Најниска просечна цена е смедеревка што е откупена за 10 денари.“ – рече Трајковски.

Тој потенцираше дека и апелирале до винариите да платат максимално што можат. Државата финансира за одржување на лозови насади и тоа до 1 хектар е 40 000 денари, а од 1 до 10 е 48 000, а сега се воведува и дополнителна интервентна мерка. Минатата година било 1 денар, а годинава ќе биде повеќе.

„За да се направи разграничување што е суша, таква поделба нема. Грозјето се плаќа од 9 и од 29 денари. Знаеме што значи производство. 30% не се обработува. Сега се направија измени во законот за вино. На лозарите им се овозмоија подобри услови за регистрирање како мали винарии. Откупот на грозјето е регулирано во во законот за земјоделство и руален развој.“ – рече Димковски.

Што се однесува до земјоделството, годинава оризот е одвоен како посебна програма. Во однос на сточарството, министерот изјави дека 400 денари за јагне се предадени за со субвенцијата. Во сточарството има прогрес, рече Трајковски и има развој зошто самата мерка кажува дека секој добива 30% од субвенциите кај секој оној којшто има зголемување на основното стадо.

„Ако ние даваме пари, а не ги контролираме, ефектите може да ни бегаат низ раце. Целта ни е парите да не одат таму каде што не треба.“ – рече министерот.

Тој се осврна и на неодамнешната појава на болеста африканска чума во соседството и дека се презеле и конкренти мерки во однос на заштита на домашното производство. Зa мерката „Млад земјоделец“ се работи и дека има над 1000 апликации и очекува за еден месец да има конкретни резултати.

Извор:24.мк

Слични написи

Back to top button
Close