fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Сончево и топло со мала облачност

Утре поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено и силен северен ветер што ќе предизвика намалување на температурата во деновите од викендот, особено во северните делови.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утре поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено и силен северен ветер што ќе предизвика намалување на температурата во деновите од викендот, особено во северните делови.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close